Top Sport

Студентка открива: Алексис Санчез ми плаќаше за секс

Чилеанскиот напаѓач и веројатно новиот играч на Манчестер јунајтед, Алексис Санчез, наводно на една студентка и нуде пари за секс. Паулина Собеирскаја (20) на наглиските таблоиди им открила дека непристојни понуди од Чилеанецот добила во еден бар во Лондон. Таа наводно не знаеле каква фудбалска ѕвезда е Алексис Санчез.

„Седеше во барот, ме гледаше и се смешкаше. Не знаев кој е тој. Само гледаше во мене. Тогаш дојде еден човек и ми кажа дека постои посебен гостин кој е заинтересиран да разговара со мене. Прашав кој е тој, ми одговори дека се работи за Алексис Санчез од Арсенал, но тоа мене не ми значеше многу. Човекот рече дека Алексис прашува колкава е мојата цена. Направив шега и реков 10.000 фунти“.

Паулина Собеирскаја му го дала својот број на Чилеанецот, започнала комуникација преку пораки, а потоа тој ја поканил во неговиот стан и и дал 1.000 фунти.

„Изведе стриптиз кога дојдов, навистина има супер тело и навистина беше смешен. Зборуваше пола шпански, пола англиски“.

Студенткаљта не крие дека била воодушевена од станот кој го поседувал фудбалерот, а најголем впечаток и ставила големата гостинска бања, огромните плакари и шишињата со скапото шампањско „Моет“.

Кога заминала веднаш добила порака од фудбалерот: „Ќе се видиме повторно“.

Потоа разменувале пораки и неколку пати била во неговиот дом.

Романсата завршила откако студентката разбрала дека фудбалерот не се вика Дејвид, како што се преставил и дека неколку години е во врска со 28-годишната Мајте.

Scroll to Top