Top Sport

Се одржа 9. меѓународен џудо турнир „Прилеп град херој – 2017“

Во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски”, во Прилеп, се одржа 9. по ред меѓународен турнир во џудо „Прилеп град херој – 2017”.

На турнирот учество земаа околу 250 џудисти од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

„Џудото потекнува од Јапонија стотици години наназад, а јас денеска сум многу среќна што сум тука и што гледам толку многу среќни лица“, посочи Кеико Ханеда амбасадорката на Јапонија.

„Многу голема чест и задоволство ми е што турнирот ќе го отвори амбасадорката на Јапонија кој воедно и главниот организатор на настанот, задоволен сум од посетеноста на гостите кои ни доаѓаат надвор од Македонија и благодарност до Македонската Џудо Федерација која ни овозможи да се оддржи овој турнир, до општина Прилеп и се надевам на фер борби“, посочи Дејан Ширкоски, претседател на џудо клуб „Сеишин“ и генерален секретар на Џудо Федерација на Македонија.

Турнирот беше во организација на Џудо Клубот „Сеишин” од Прилеп, наменет е за пионери-ки и кадети-ки, а се одржа по повод државниот празник „11-ти Октомври”.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top