Велосипедистот на Квик-Степ Жилијан Алафилип победи во возењето на хронометар во рамките на 13 етапа на Тур д’Франс.
Францускиот велосипедист, патеката долга 27,2 километри која се возеше во По, ја доби со предност од 14 секунди во однос на големиот ривал Герјент Томас, кој како беше најголем фаворит за освојување на етапата.
Третото најдобро време го забележа Томас де Хент од екипата Лото-Судал. Тој како и Ригоберто Уран задоцни 36 секунди во однос на Алафилип.
Благодарение на победата Алафилип ја зацврсти предноста во генералниот пласман. Носителот на жолтата маичка има една минута и 26 секунди предност во однос на Томас, трет е Еган Бернал со заостанување од две минути и 42 секунди во однос на носителот на жолтата маичка.
На Тур д’Франс следуваат две планински етапи. Утре се вози етапата од Тарб до Турмале која е долга 117,5 километри.