На стадионот „Нотр Дам“ во Индијана, во контролен меч фудбалерите на Борусија Дортмунд забележаа победа над Ливерпул 3-2.
„Милионерите“ од Дортмунд им го нанесоа првиот пораз на европските шампиони на летната турнеја.
Три минути им беа доволни на играчите од Дортмунд да го постигнат првиот гол. Стрелец беше Шпанецот Пако Алкасер.
Ливерпул израмнија преку Хари Вилсон во 35 минута. Овој играч минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во Дерби каунти.
Во вториот дел играчите на Борусија експресно стигнаа до предност од два гола. Томас Дилејни постигна гол во 53 минута, а пет минути подоцна Јакоб Брун Ларсен зголеми на 3-1.
До крајот на мечот Ливерпул ја намалија разликата преку Рајан Брустер во 75 минута.
Ливерпул наредниот меч во САД ќе го одигра во Бостон, а противник ќе му биде Севилја.