Top Sport

Шуо на Ибрахимовиќ во дербито на Лос Анџелес (Видео)

Златан Ибрахимовиќ го обележа дербито на Лос Анџелес. Поранешниот шведски репрезентативец ги постигна сите три гола во победата на ЛА Галакси против Лос Анџелес ФЦ од 3-2.

По само четири минути игра Лос Анџелес ФЦ постигна гол преку Карлос Вела. Вднаш потоа на сцена стапи Ибрахимовиќ, тој постигна брилијантен гол во осмата минута.

Во 56 минута Ибрахимовиќ погоди уште еднаш, овој пат со глава.

Хет-трикот го комплетираше по 70 минути игра, кога ја затресе мрежата на ФЦ со удар со левата нога.

Конечниот резултат го постави играчот што ја отвори серијата голови, Вела. Мексиканецот својот втор гол го постигна во 97 минута.

Галакси се втори на табелата во Западната конференција, имаат девет бода помалку од градскиот ривал ФЦ.

Scroll to Top