Top Sport

ФИФА подготвена да ја преземе австралиската федерација

ФИФА е подготвена да ја преземе контролата на Австралиската фудбалска федерација (ФФА), откако светската куќа на фудбалот побара да се направат структурни промени во националната федерација на Австралија.

Претседателот на ФФА, Стивен Лауи не успеа да ги „протурка“ промените и да го одржи Конгресот, откако сопствениците на клубовите и две федерални австралиски држави одбија да застанат за Лауи. Сега, ФИФА може да воведе „комитет за нормализација“ – што би значело отпуштање на бордот на ФФА и преземање на контролата додека не се воспостави нова администрација.

„Веруваме дека можеме да работиме со ФИФА за средување на ситуацијата и би бил тажен ден за австралискиот фудбал доколку ФИФА ја презеде контролата и ја уништи независноста на австралискиот фудбал. Нашата репутација ќе биде уништена“, вели Лауи, синот на поранешниот претседател на ФФА, милијардерот Френк Лауи.

Семејството Лауи доминира во австралискиот фудбал по „ресетирањето“ на фудбалот по колапсот на Националната сокер лига (НСЛ) во 2003 година. Австралија има четири пласмани во низа на Мундијалите, а во 2015 година го освои првиот Азиски куп под водство на Лауи, но А-лигата не успеа да пронајде место на пазарот на кој доминира рагби лигата и фудбалот по австралиски правила.

Scroll to Top