Џенсон Батон светскиот првак во шампионатот на Формула 1 од 2009 година, смета дека Луис Хамилтон ќе направи грешка доколку се пресели во Ферари. Тој вели дека неговиот сонародник не би требало да го напушта тимот со кој победува.
„Сигурен сум дека сите возачи сакаат да одат во Ферари, но ниту еден возач не би заминал од тим што победува и да оди во тим што не е конкурентен“, рекол Батон.
Според Батон, Хамилтон треба да остане во Мерцедес доколку сака да го собори рекордот на Михале Шумахер кој има најмногу светски титули.
„Би било храбро од него да се пресели во Ферари. Луис може да освои десет титули доколку остане во Мерцедес, додека трансфер во Ферари би можел да значи и крај на неговата кариера“, заклучил Батон.