Top Sport

Луд пресврт во Ајндховен, Динамо и Копенхаген се веќе во наредната рунда (Видео)

ПСВ Ајндоховен направија пресврт и во финишот го победија Базел, во првиот меч од втората квалификациска рунда за пласман во Лигата на шампионите. И покрај поразот резултатот е добар за Базел пред реваншот наредната недела на „Сент Јакобс парк“. Останатите тимови кои вечерва гостуваа остварија одлични резултати. Динамо Загреб, Копенхаген и АПОЕЛ победија, а Олимпијакос играа 0-0 кај Плзен во Чешка.

Динамо Загреб во Грузија дури во второто полувреме го скршија отпорот на Сабуртало, со головите на Оршиќ и Петковиќ. Целиот натпревар за Динамо го одигра македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Во Ајндховен; ПСВ и Базел одиграа драматичен натпревар, кој домаќините го решија во своја корист во последните четири минути. Брума погоди за ПСВ во 14 минута, а потоа пресврт направија Ајети и Алдерете.

Во финишот, во 89 и 93 минута се случи уште еден пресврт и ПСВ стигна до победата со головите на Ламерс и Мален.

Копенхаген немаа проблем во Велс, кај ТНС. Сигурна победа на Данците им обезбедија Сотиру и Сков.

Еден гол го реши победникот на натпреварот во Црна Гора, каде АПОЕЛ славеше над Сутјеска. Стрелец на голот беше Де Виченти од пенал во 42 минута.

Scroll to Top