Шкотскиот првак, Селтик немаше никакви проблеми со „крвникот“ на тетовска Шкендија, естонски Номе Калју во второто претквалификациско коло од Лигата на шампиони во фудбал.
Предмалку шкотскиот фудбалски шампион со 5-0 славеше победа над естонскиот тим, Стрелци на головите за домашните беа Ајер во 36, Кристи од пенал во 44, Грифитс во 45, повторно Кристи во 65 и Мекгрегор во 77 минута.
Белградска Црвена Звезда исто така немаше проблеми со првакот на Финска, Хелсинки и славеше победа со 2-0 на домашен терен.
Стрелци на головите за „црвено-белите“ беа Боачи во 27 и Павков во 90 минута.
Единствен натпревар од денешните квалификациски натпревари за ЛШ на кој не славеа домаќините беше дуелот Дундалк – Карабак 1-1.
Гостите од Азербејџан поведоа со 0-1 многу рано, уште во 4 минута, стрелец Емрели. За нерешен резултат домаќините се изборија благодарение на голот на Хобан во 78 минута.