Прес-службата на ФИФА ги извести медиумите дека Светското клупско првенство во 2019 година ќе се одржи во Катар во периодот ос 11 до 21 декември.
Според важечките правила на Светското клупско првенство учествуваат континенталните шампиони и шампионот на земјата-домаќин. Во 2018 година победник на турнирот беше Реал Мадрид. Во финалето, Реал со 4-1 ги победи Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати.
На Светското клупско првенство во 2019 година ќе учествуваат Ливерпул (Европа), Есперанс (Африка), Мексико (КОНКАКАФ), Јанген Спорт (Океанија) и Ал Сад (Катар). Се уште не е познато кои екипи ќе бидат претставници на Азија и Јужна Америка.
Од 2021 година бројот на учесници на Светското клупско првенство ќе изнесува 24. Осоум екипи ќе бидат од Европа, шест од Јужна Америка, три од Африка, КОНКАКАФ и Азија и еден од Океанија.