Франција во финалето на Светското младинско првенствово Шпанија ја победи селекцијата на Хрватска со 28-23 и стана светски шампион. Иако Хрватите без пораз на првенството стигнаа до финалето, сепак против феноменалните Французи немаа шанси.
Франција од првата минута диктираше темпо, а одбраната на „триколорите“ го неутрализираше хрватскиот напад,
За Хрватска ова беше прво финале на светските првенства, додека Франција се закити со титулата и во 2015 година.
Кај победничката екипа најпрецизен беше Бенжамин Рише со 6 гола, а по 4 погодоци имаа Антонин Мохамед и Килијан Вилеминот.
Кај Хрватска Јосип Шарац со 7 и Халил Јагањац со 6 голови беа најпрецизни.
Третото место на СП и припадна на репрезентацијата на Египет која во двобојот за бронзата беше подобра со 37-27 од селекцијата на Португалија.