Фудбалерот на Барселона, Бразилецот Малком е многу блиску до премин во екипата на Зенит од Санкт Петерсбург, пренесуваат денеска шпанските медиуми.
Каталонскиот клуб сака да го продаде 22-годипниот фудбалер затоа што одигра само 6 првенствени натпревари откако минатото лето стигна на „Ноу Камп“ од екипата на Бодро.
Информациите се дека Барса за него бара 60 милиони евра.
„Марка“ пренесува дека има можност Каталонците да ја намалат сумата за Бразилецот кој минатото лето имаше големи шанси да премине во Рома, но шпанскиот фудбалски гигант се вмеша и успеа да го реализира трансферот со фудбалерот.
Тренерот Валверде, според информациите, не дал дозвола лани Малком да прејде во Барса, па и во иднина не планира да му овозможи голема минутажа.