Ова лето Баерн Минхен потроши многу пари за да го доведе во своите редови Лукас Хернандес, а истото ќе го стори и со Лирој Сане, играчот на Сити.
Легендата на клубот, Карл-Хајнц Румениге тврди дека Баерн нема да дава големи договори.
„Пазарот потполно се промени. Не ме загрижува толку многу висината на отштетата иако 100, 120 милиони евра веќе не е спектакуларно. Повеќе ме загрижува платата која се дава на фудбалерите, посебно во Шпанија, Англија и Италија“ – вели Румениге.
Легендарниот фудбалер посебно се задржа на договорот кој францускиот напаѓач Антоан Гризман го доби во Барселона, со кој годишно ќе заработува по 17 милиони евра.
„Сето тоа треба да биде помножено со 2 затоа што клубот е задолжен за плаќање данок. Баерн нема да учествува во оваа лудост. Мораме да продолжиме по вообичаениот пат. Позициите 17, 18, 19 и 20 во екипата мораат да бидат наменети за наши млади играчи кои не чинат толку и на крајот на сезоната кој од нив може да продолжи понатаму“ – дециден е Румениге.