Top Sport

Арсенал го руши клупскиот рекорд

Прашање на денот е кога Николас Пепе ќе пристигне во Арсенал. Играчот на Лил решил да ја прифати понудата од Лондон пред онаа што во клубот пристигна од Неапол.

Николас Пепе, стрелец на 22 гола минатата сезона за Лил, ќе стане најскапиот играч во историјата на Арсенал. Клубот од северен лондон за неговиот трансфер ќе издвои 78 милиони евра, што е за 14 милиони повеќе од претходниот рекорд на Пјер-Емерик Обамејанг.

Лил му оставија на играчот да си одбере клуб, а интересен е начинот на кој Арсенал ќе го платат трансферот.

Во денешно време кога парите се најважната работа во фудбалот, Лил решиле да ги прифатат условите на Арсенал и трансферот да бид исплатен во пет рати.

Веднаш по потпишувањето на договорот Арсенал ќе платат околу 20 милиони евра, а останатите 58 милиони евра Лил ќе ги добијат во пет рати.

Англиските медиуми откриваат дека Пепе до крајот на неделата ќе го потпише договорот со Арсенал.

Scroll to Top