Top Sport

Геје четири години во ПСЖ (Видео)

Идриса „Гана“ Геје (29), играчот кој од Евертон се пресели во Пари Сен Жермен, претпладнево и беше претставен на фудбалската јавност како нов играч на францускиот шампион.

Репрезентативецот на Сенегал со Пари Сен Жермен потпиша четири годишен договор, до јуни 2023 година. Трансферот на Геје изнесува 29 милиони фунти (околу 34 милиони евра).

Овој фудбалер беше трансфер цел на ПСЖ и во јануарскиот преоден рок но тогаш Евертон не сакаа воопшто да преговараат.

Инаку, Геје добро ја познава француската лига, во периодот од 2010 до 2015 година тој играше во Лил.

Scroll to Top