Мадридски Реал повторно доживеа пораз на меч во подготвителниот период. Денеска подобар до Реал во полуфиналето на Ауди купот во Минхен, Германија беше англиски Тотенхем со 1-0.
Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Хари Кејн во 22 минута.
Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан барем досега не успева да пронајде соодветна игра и неговиот тим на одигра меч на високо ниво.
Среќа за кралскиот клуб беше тоа што го имаше на голот расположениот Кејлор Навас.
Реал Мадрид пред почетокот на сезоната има проблеми и со повреди. Најпрво се повреди Асенсио, потоа со повреда се здоби летното засилување, Лука Јовиќ, а од пред некој ден надвор од стројот е и првиот голман, Тибо Куртоа.