Загребски Динамо со сите сили се обидува да го задржи својот најдобар играч, Шпанецот Дани Олмо на „Максимир“.
Сега кога цената на одличниот фудбалер му е 20 милиони евра, Управата на клубот од Загреб се труди Шпанецот да потпише нов договор. Ако ги прифати условите, Олмо ќе има годишна плата од 900.000 евра, а во договорот ќе има откупна клаузула од 30 милиони евра.
Динамо може со евентуален трансфер на Олмо да го сруши клупскиот рекорд, а големи се изгледите за такво нешто ако се знае за него се заинтересирани клубови од Англија и Германија.
„Прво сум заинтересиран Дани да остане, со истата форма како што ја одигра минатата сезона. Гледам дека среќен се врати, тој добро се чувствува во клубот и мислам дека нема проблем да остане во Динамо“ – рече тренерот на „модрите“, Бјелица.
Интересен е и случајот и со голманот Доминик Ливаковиќ. За него Динамо не прифати 9 милиони евра од Монпелје, па се чини голманот и идната сезона ќе ја дочека во Загреб.