Турска Малатиаспор обезбеди пласман во 3.коло од квалификациите за Лигата на Европа благодарение на македонскиот фудбалски интернационалец, Адис Јаховиќ. Неговиот тим вечерва на гостувањето во Љубљана, кај Олимпија победи со 0-1 и се пласираше во следно коло. Првиот меч меѓу овие два тима во Турција заврши нерешено, 2-2.
Јаховиќ беше највисок во скокот по една нафрлена топка од десната страна и прецизно биеше во 77-та минута за водство на Малатиаспор кое се испостави дека е доволно за елиминација на словенечкиот тим.
За напоменување е фактот дека Јаховиќ погоди и на првиот меч меѓу овие два тима. Тогаш прецизно биеше од белата точка.
https://youtube.com/watch?v=cbyHf0EqBb8