Американецот Мајк Џејмс веднаш најде нов ангажман откако пред неколку дена добо отказ од Армани Милано. Џејмс ќе го облече дресот на актуелниот европски првак ЦСКА Москва.
Како што пренесува „Јурохупс“, Џејмс договорил едно годишна соработка со ЦСКА Москва. Минатата сезона Американецот ја доби наградата „Алфонсо Форд“ која му се доделува на најдобриот стрелец во Евролигата. Сезоната ја заврши со просек од 19,8 поени по натпревар.
Џејмс во Европа играл за Панатинаикос, Басконија, Болоња, Колос, Хапоел Елини Загреб, а во НБА за Феникс и Њу Орлеанс.