Top Sport

Најплатени играчи во Европа, Миротиќ ја предводи листата

Специјализиранот кошаркарски портал „Јурохупс“ ја објави листата на најплатени кошаркари во Евролигата. Во Европа не постои пракса клубовите транспарентно да ги објавува платите на играчите.

Најплатен европски кошаркар е Никола Миротиќ. Црногорецот со шпански пасош летово се врати од НАБ-лигата во Барселона. Миротиќ договорил годишна плата од 5,4 милиони евра.

Веднаш зад него е играчот на Химки, Алексеј Швед со годишна плата од четири милиони евра. Третото место му припаѓа на центарот на Реал, Еди Таварес, тој годишно заработува три милиони евра.

Најплатени играчи во Европа:

1. Никола Миротиќ (Барселона) – 5.400.000 евра
2. Алексеј Швед (Химки) – 4.000.000
3. Еди Таварез (Реал) – 3.000.000
4. Нандо Де Коло (Фенербахче) – 2.600.000
5. Шејн Ларкин (Ефес) – 2.600.000
6. Ник Калатес (Панатинаикос) – 2.550.000
7. Јан Весели (Фенербахче) – 2.430.000
8. Серхио Љуљ (Реал) – 2.200.000
9. Тимофеј Мозгов (Химки) – 2.000.000
10. Серхио Родригез (Армани Милано) – 2.000.000
11. Алекс Абринес (Барселона) – 2.000.000
12. Костас Слукас (Фенербахче) – 2.000.000
13. Кори Хигинс (Барселона) – 2.000.000
14. Милош Теодосиќ (Виртус) – 2.000.000
15. Вил Клајбурн (ЦСКА) – 1.900.000

Scroll to Top