Top Sport

Модриќ оди во Милан

Лука Модриќ е блиску до трансфер во Милан. Според информациите од Италија, спортскиот директор на Минан Звонимир Бобан синоќа во хотелот „Four Season“ го договорил трансферот со менаџерот на фудбалерот, Владо Лемиќ.

Италијанските медиуми тврдат дека Модриќ прифатил две годишен договор за 7,5 милиони евра по сезона. Исто така Модриќ би добил и бонус од еден милион евра доколку Милан стане шампион.

Бобан сега треба да го договори трансферот со првиот човек на Реал, Флорентино Перез. Реал ќе го продаде Модриќ во истиот момент кога Дони ван де Бек ќе пристигне од Ајакс на „Сантијаго Бернабеу“.

Милан има проблеми со финансискиот фер-плеј, а планот е клубот да го продаде Франк Кеси во Премиер лигата за 40 милиони евра, за да може да го реализира доаѓањето на Модриќ.

Scroll to Top