Легендарниот боксер Шугар Реј Ленард банкротираше и подготвен е да ја продаде својата вила која се проценува на 46 милиони евра.
Легендарниот боксер освои 5 титули во пет различни категории, а во богатата кариера оствари 36 победи во 40 меча. Тој е првиот боксер кој заработи 100 милиони долари.
Избран е за боксер на деценијата, во 80-тите години од минатиот век, веднаш по ерата на Мухамед Али.
Неговата вила е изградена пред 22 години, распространета на 1.500 метри квадратни со базени, тениски терени, фитнес сала. Вилата на екс-боксерот има 7 спални соби, изградена е во италијански стил.
Во близина на вилата која е во Лос Анџелес живеат многу познати личности, па несомнено е дека некој во блиска иднина ќе го купи ова извонредно издание.
Погледнете како изгледа: