Шпанските медиуми се импресионирани од 19-годишниот Рики Пуиг, откако продуктот на славната школа на Барселона, „Ла масија“ одигра одличен пријателски меч против Арсенал на „Ноу Камп“, кој Блауграна го доби со 2:1.
Иако одигра само едно полувреме, Пуиг покажа одлична подвижност на средината на теренот, а „Марка“ го нарече „бисер“ кој мора да се одгледува.
Иако дел од навивачите сметаат дека тој заслужил место во првиот тим, управата на клубот неодамна се обиде да го прати на позајмица или да го продаде, а самиот тој вели дека уште се чувствува како играч на Б-тимот.
„Јас сум уште играч на Барса Б и сакам да пораснам. Постарите фудбалери многу ми помагаат“, вели 19-годишниот Пуиг.
? Monday’s Proper Attitude
… performed by @RiquiPuig ??pic.twitter.com/qeJUJCKVyJ
— ProperFootball (@ProperFootball_) August 5, 2019
Riqui Puig ladies and gentlemen. It’s a crime not promoting him! pic.twitter.com/9S22OeYVvf
— Jonathan Harris (@JonathanHarisFC) August 5, 2019