Top Sport

Роналдо го сака Икарди како партнер во нападот

Мауро Икарди е чекор поблиску до Јувентус, откако според „Ла газета дело спорт“, Кристијано Роналдо побарал од управата на „бјанконерите“ да го добие Аргентинецот како партнер во нападот.

Јувентус се во потрага за нов „број 9“ откако „пропадна“ предвиденото доаѓање на Ромелу Лукаку во трампа за Пауло Дибала со Манчестер јунајтед. Според „Газета“, Јуве продолжиле со обидот да го донесат Икарди, а Роналдо бил согласен дека добро би соработувал со 26-годишниот Аргентинец.

Според весникот, ЦР7 гледа на Аргентинецот како на идеален фудбалер кој би отварал простор за него во нападот. Сепак, Јуве би почекале до четврток, до крајот на преодниот рок во Премиер лигата, пред да дадат официјална понуда.

За Икарди нема место во Интер по доаѓањето на Антонио Конте на чело на тимот, откако контроверзниот напаѓач минатата сезона ја загуби капитенската лента кај „нераѕурите“ по конфликтите со управата.

Scroll to Top