Реал Мадрид ќе направат уште еден обид да го донесат Пол Погба од Манчестер јунајтед, иако Јувентус остануваат во „трката“, а Французинот сака ситуацијата да биде разрешена што е можно побргу, јавува шпанска „Марка“.
Иако трансферот може да се заврши до 2 септември, кога завршува преодниот рок во Шпанија, во Англија преодниот рок трае само до 8 август (четврток) и поради тоа се зголемува итноста во Англија, бидејќи Јунајтед ќе мораат да најдат замена за Французинот. Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио е прва опција за „ѓаволите“, заедно со Кристијан Ериксен од Тотенхем, и во Реал и во Јувентус се обидуваат да им „направат услуга“ и да помогнат во трансферот.
Двата клуба не се подготвени да ја платат сумата од 150 милиони евра која ја посакува англискиот клуб и мораат да вклучат фудбалери во плановите. „Лос бланкос“ веќе понудиле 30 милиони евра и Хамес Родригез, но ова било одбиено во Англија, а се верува дека трансферот на Герет Бејл во Кина бил сопрен за и тој да биде вклучен во договорот. Јувентус пак, ги нудат Блез Матуиди, Марио Манџукиќ и Пауло Дибала, иако Аргентинецот веќе јасно кажа дека не сака да оди во Англија.
Погба, во меѓувреме, чека. Тој не играше во пријателскиот меч со Милан поради повреда, но Оле Гунар Солскјер тврдеше дека Погба останува на „Олд Трафорд“. Разрешницата ќе дојде набргу.