Top Sport

Лукаку тренира со младинците на Андерлехт во обид да примора трансфер

Ромелу Лукаку веќе два дена тренира со тимот на Андерлехт во обид да се дистанцира од Манчестер јунајтед и да ги примора челниците на клубот да го продадат.

Според „Дејли мејл“, во Јунајтед биле изненадени кога Лукаку се појавил на тренинг кај својот поранешен клуб со У-18 составот, иако цело лето не е на тренинзи со тимот на Оле Гунар Солскјер. Јунајтед официјално објаснија дека Лукаку добил слободен ден и дека денеска ќе се појави на тренинзи во Карингтон, но наместо тоа, тој повторно беше во комплексот Нерпеде на Андерлехт на работа со тренерот на младите на белгискиот клуб, Мо Ухаби.

Според „Дејли мејл“ ова е обид на Лукаку да примора трансфер, откако Јунајтед ја одбија понудата од 60 милиони евра од Интер, а потоа исто така пропадна можноста за замена со Пауло Дибала во Јувентус. Неговото заминување од „Олд Трафорд“ е извесно, иако на „Олд Трафорд“ не би имале проблем тој да остане и покрај тоа што не настапи на ниту еден од шесте подготвителни меча на „ѓаволите“.

Scroll to Top