Top Sport

Попович по низата откажувања: Кога ќе се пензионираат ќе сфатат што значи Мундијал

Американскиот селектор Грег Попович признава дека е загрижен само за тие кошаркари кои му се достапни на тренинг-кампот пред Светското првенство во Кина и додава дека без разлика на откажувањата, тој е подготвен за Мундијалот.

„Воопшто не ме загрижуваат тие кои не се тука, туку мислам само на присутните. Имам одлична група на момци и ќе се обидам да извлечам максимум од нив. Некои не сфаќаат дека учеството на едно Светско првенство значи повеќе од било кој НБА тим. Ова е највисокото можно ниво и кога ќе се пензионираат ќе сфатат што оствариле.  За мене е посебно задоволство да го формирам овој тим, кој ќе мора да победи многу добри европски тимови“, вели Попович.

Scroll to Top