Top Sport

Арсенал даваат 70 милиони фунти за Упамекано!

Арсенал се заинтересирани за трансфер на дефанзивецот на РБ Лајпциг, Дајот Упамекано во обид да ја засилат својата одбрана, но тоа може да ги чини огромни 70 милиони фунти.

По заминувањето на Лорен Косиелни во Бордо за 5 милиони евра, Унаи Емери се наоѓа пред вистински предизвик за составувањето на одбраната за новата сезона и 20-годишниот Упамекано е совршено решение.

Сепак, Лајпциг нема да се одвојат од Французинот без висока отштета, нешто што не одговара на буџетот на Арсенал. Друга опција за „топчиите“ е централниот бек на Јувентус, Даниеле Ругани, за кого наводно понудиле двегодишна позајмица, но „старата дама“ сака замена за ветеранот Џорџо Кјелини.

Арсенал исто така го поставија на продажба Шкодран Мустафи, кој ја нема довербата на Емери по низата грешки во текот на минатата сезона, но засега ниту еден клуб не бил заинтересиран за германскиот репрезентативец.

Scroll to Top