Европскиот ракометен шампион, Вардар на крајот на тековниов месец пак ќе земе учество на Супер глоуб.
Скопски Вардар, кој е европски шампион нема да игра квалификации, па турнирот ќе го започне од четвртфиналето.
Противник за „црвено-црните“ ќе биде подобриот од двомечот меѓу Њујорк (САД) и Ал Мудхар (Саудиска Арабија).
Очекувањата се дека Вардар нема да има проблем со кога и да падне да игра, а во полуфиналето прогнозите велат дека ќе ги очекува судир со германски Кил.
За „зебрите“ да се најдат на овој турнир беше испратена посебна покана од организаторот, па затоа ракометарите на германскиот гигант натпреварите ќе ги започнат уште од квалификациите, каде противник ќе им биде Сиднеј (Австралија).
Втората половина од турнирот е резервирана за еден голем фаворит за финалниот меч, шпанска Барселона и неколку за нас анонимни клубови, предизвикувачи.
Каталонците во четвртфиналето ќе играат против катарски Ал-Духаил, а во евентуалното полуфинале со подобриот од мечот меѓу Aл-Вехда (Саудиска Арабија) и Таубате (Бразил).
Натпреварите на Супер глоуб започнуваат на 27 август, а турнирот завршува на 31 истиот месец.