Трансферот на хрватскиот фудбалер, Марио Манџукиќ од Јувентус се чини се по изгледен, а италијанска „Газета дело Спорт“ денеска тврди дека од Јувентус смислиле посебен план за продажба на фудбалерот.
Долго се пишуваше за тоа дека трансферот на Манџукиќ зависи од размената Дибала – Лукаку, но сега кога трампата пропадна, „Старата дама“ бара друг начин како Хрватот да го продаде во Англија.
Во Јуве за Манџукиќ по се изгледа нема повеќе место, Сари не смета на Хрватот во првата постава од нападот. Информациите од Италија се дека спортскиот дуректор на Јуве, Фабио Паратици е во Англија и договара трансфер.
Досега при продажбата на Манџукиќ проблеми им задаваше Интер кој во последен момент се вклучи во преговорите за доведување на Лукаку.
Преодниот рок во Англија се затвора за два дена, па затоа целата разрешница на ситуацијата ќе биде позната за 48 часа.