Австралискиот селектор Андреј Леманис ги одреди 12-те кошаркари со кои ќе патува на Светското првенство во Кина, потврди Австралиската кошаркарска федерација.
Џона Болден и Ксавиер Кукс првпат се во тимот, во кој се и Арон Бејнс, Ендру Богут, Метју Делаведова, Камерон Глидон, Крис Гулдинг, Џо Инглс, Николас Ки, Џок Лендејл, Пети Милс и Нејтан Соби.
Последните подготовки за Мундијалот, „кенгурите“ ќе ги имаат на контролните мечеви со Канада на 16 и 17 август, и со САД на 22 и 24 август.
Австралијците влегуваат со големи амбиции на СП и покрај тоа што се без својата прва ѕвезда, асот на Филаделфија, Бен Симонс. Тие се во група с оКанада, Сенегал и Литванија.