Велшкиот интернационалец во редовите на Реал Мадрид, Герет Бејл се наоѓа во составот на кралскиот клуб за вечерашниот пријателски меч против тимот на Рома, што ќе се одигра на „Олимпико“ во Рим.
По овој потег на стратегот, Зинедин Зидан се чини Велшанецот сепак ќе остане на „Бернабеу“ откако Реал со недели се обидува да продаде. Речиси готов беше трансферот на Бејл во кинески Џиангсу Сунинг, но во последен момент претседателот на Реал, Флорентино Перез се откажа, барајќи голема отштета.
Бејл вечерва се очекува да настапи првпат по американската турнеја откако не беше дел од турнирот Ауди куп во Минхен.
Зидан вечерва нема да смета во составот на Хамес Родригес и на Маријано Дијаз.
? Estos son los 20 convocados para el partido contra la @ASRomaEspanol. #HalaMadrid pic.twitter.com/A3HNEAKmlh
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) August 11, 2019