Шесткратниот светски шампион Мигуел Кото ја заврши својата 16-годишна боксерска кариера со пораз на поени од Садам Али во Њујорк.
37-годишниот Порториканец пред одбраната на ВБО титулата во лесно-средна категорија најави дека тоа е неговиот последен меч во кариерата, но боксерот кој освои титули во четири различни тежниски категории не можеше против побрзиот 29-годишен Али.
„Сега сум добар, и сакам да бидам среќен дома со моето семејство“, изјави Кото, кој ја завршува кариерата со 41 победа и 6 порази.
Во мечот во „Медисон сквер гарден“, Кото доби повреда на раката во седмата рунда и не успеа да остави впечаток во мечот, и по 12 рунди загуби со 115:113, 115:113 и 116:112.
„Сепак, горд сум со моите пефроманси. Имав проблеми со левиот бицепс, но не сакам да барам изговори, бидејќи Садам го доби мечот. ’Медисон Сквер Гарден’ беше мојот втор дом и имав шанси да обезбедам многу за моето семејство поради боксот. Заминувам задоволен“, вели Кото.