Ник Кирјос повторно е во центарот на вниманието поради погрешни работи. Австралискиот тенисер влезе во нова остра пресметка со судијата Фергус Марфи, која кулминираше со навреди и плукање кон судијата, по што повторно го очекуваат казни од АТП.
Кирјос избувна на крајот на вториот сет од мечот на Мастерсот во Синсинати против Русинот Карен Хачанов, по што не успеа да ги смири нервите – скрши два рекети при паузата за тоалет која судијата не му ја дозволи, а потоа го нарече судијата „ебан глупак“ по 6:7(3)/7:6(4)/6:2 поразот од Хачанов.
Претходно, 24-годишниот Кирјос кој имаше лошо искуство со Марфи го нарече „најлошиот судија во тенисот – секогаш кога играм ти правиш глупави срања“. Од друга страна Хачанов остана смирен и обезбеди пласман во третото коло.
Кирјос најмногу се налути за инсистирањето на судијата да побрза со својот сервис, по што го посочи Рафаел Надал како тенисер кој е познат по спората подготовка, но никогаш не добива казни.
„Дали Рафа игра толку бргу? Најди ми снимка каде што Рафа игра толку бргу и никогаш нема да ја отворам устата“ го праша тој судијата.
BANG, BANG!! ??
Nick Kyrgios absolutely DESTROYED two racquets and the commentators lost it ? ?
Watch the Cincinnati Masters live on ESPN. pic.twitter.com/q2d2dTeND3
— ESPN Australia & NZ (@ESPNAusNZ) August 15, 2019
“Absolute rubbish…Disgrace.”
Nick Kyrgios is fired up again after a time violation.
Cincinnati Masters live on ESPN. pic.twitter.com/jWLnvasdZQ
— ESPN Australia & NZ (@ESPNAusNZ) August 15, 2019
Kyrgios loses, then shouts: “you’re a fucking tool bro” to Fergus Murphy, and spits at him. Refuses to shake Murphy’s hand.@TennisTV #CincyTennis pic.twitter.com/O27fsxQNkT
— Matthew Willis (@MattRacquet) August 15, 2019