Македонскиот фудбалски интернационалец, Адис Јаховиќ уште во седмата минута на реванш мечот од третото квалификациско коло за Лига Европа меѓу Малатијаспор и Партизан носи водство за својот тим.
Јаховиќ силно биеше со глава од околу 20 метри по една несигурна интервенција на голманот на Партизан, Стојковиќ надвор од својот шеснаесетник.
Toa e резултат по првото полувреме. Првиот меч во Белград заврши со победа на „црно-белите“ од 3-1. Со евентуални 2-0 на овој меч, турскиот тим е во плеј-офот.
Останува разврската во вториот дел.
Погледете го голот на македонскиот фудбалер:
https://youtube.com/watch?v=eCWbvL0bAL8