Top Sport

Разурнувањето не успеа – „Понтијак Силвердоум“ уште стои (видео)

„Понтијак Силвердоум“, еден од најмодерните стадиони во 1980-тите и 1990-тите, требаше да биде урнат во неделата со „имплозија“, која на крајот не успеа.

„Вертикалните столбови кои го опкружуваат ’Силвердоум’ ќе бидат наполнети со експлозив, кој по детонацијата, ќе предизвика кршење и паѓање на челичниот круг“, го објаснија од градот Детроит планот за уништување.

Сепак, компанијата која го изведуваше рушењето „Адамо груп“, призна дека се работи за неуспех, и дека ако не се случи самостојно рушење, тие ќе почнат со механичко рушење.

„Силвердоум“, поранешниот дом на НФЛ тимот Детроит Лајонс, и место каде што се играа фудбалски натпревари од СП во 1994 година, беше оставен на судбината од 2003 година, кога Лајонс се преселија на друг стадион. Подолу можете да ја прочитате приказната за стадионот.

Славниот „Понтијак Силвердоум“ се руши во недела!

Scroll to Top