Top Sport

Нејмар и Винисиус се враќаат во бразилската репрезентација

Нејмар и Винисиус Жуниор се враќаат во репрезентацијата на Бразил откако селекторот Тите ги избра за турнејата во САД, каде што ќе играат со Колумбија и Перу.

Двајцата напаѓачи не настапија на Копа Америка поради повреди, но и без нив Бразил беше пресилен и стигна до титулата по 3:1 победата над Перу на 7 јули. Мечевите во САД ќе бидат први подготовки за квалификациите за СП во Катар во 2022 година кои почнуваат следната година.

Новото засилување на Сао Пауло, Дани Алвеш, кој беше прогласен за најдобар фудбалер на Копа Америка, исто така е во тимот, но во него нема седум имиња кои настапија на Копа Америка: Касио, Миранда, Филипе Луис, Вилијан, Фернандињо, Габриел Жесус и Евертон.

БРАЗИЛ

Голмани: Едерсон (Манчестер сити), Иван (Понте Прета), Вевертон (Палмеираш).

Одбрана: Даниел Алвеш (Сао Пауло), Фагнер (Коринтијанс), Жорге (Сантос), Алекс Сандро (Јувентус), Едер Милисао (Реал Мадрид), Маркињос (ПСЖ), Тијаго Силва (ПСЖ), Самир (Удинезе).

Среден ред: Артур (Барселона), Касемиро (Реал Мадрид), Фабињо (Ливерпул), Алан (Наполи), Лукас Пакета (Милан), Филипе Кутињо (Барселона).

Напад: Нејмар (ПСЖ), Ришарлисон (Евертон), Давид Нереш (Ајакс), Бруно Енрике (Фламенго), Роберто Фирмино (Ливерпул), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид).

Scroll to Top