Маркус Рашфорд се обидува да биде како Кристијано Роналдо во својата игра, вели поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов, кој му порача дека мора да работи на завршницата на своите акции наместо да го копира Португалецот.
21-годишниот Рашфорд, „продукт“ на академијата на Јунајтед, има несомнен талент, но сега треба да докаже дека може да го „носи“ неговиот тим, но Бербатов вели дека мора да поработи на делови на својата игра.
„Тој е поинаков фудбалер. Трча кон луѓето, се обидува да се бори со нив. Има самодоверба и е побрз од мене, тоа е сигурно. Гледам дека работи на техниката на шутирање и се обидува да го имитира Роналдо со слободните удари. Единствено на што мора да поработи е завршницата и се работи за мали детали. Тој е толку млад, но има големо искуство“, вели Бербатов.
Тој имаше коментари и за уште еден млад фудбалер на „ѓаволите“, 23-годишниот Антони Марсијал, со кого имаше шанси да работи кратко во Монако.
„Фудбалски, тој мора да биде постојан во играта. Не можеш да имаше еден-два фантастични меча, а потоа да бидеш просечен. Тој може да биде како Тјери Анри, да игра лево и десно на крилото, а и во центарот“, додава Бербатов.