Top Sport

Аршавин: Се сеќавам на четирите гола што му ги дадов на Ливерпул (Видео)

Андреј Аршавин прославениот руски репрезентативец, во интервју за „Скај спорт“ се присетил на натпреварот Ливерпул-Арсенал, на кој тој постигна четири гола.

„Добро се сеќавам на тој натпревар, немав чувство дека може да се случи нешто такво. Единствено на загревањето помислив ‘ние денес нема да загубиме’. Секако не помислував дека можам да постигнам четири гола. Ги паметам головите против Ливерпул, го паметам натпреварот, тој е статистички најдобар во мојата кариера, но генерално гледано сум одиграл подобри натпревари“, рекол Аршавин.

Аршавин бил играч на Арсенал од 2009 до 2013 година, постигнал 23 гола на 105 натпревари.

Scroll to Top