Кејлор Навас голманот кој имаше една од клучните улоги во походот на трите титули кои Реал ги освои во Лигата на шампионите побарал трансфер разочаран од третманот што го имал од Зинедин Зидан.
Костариканецот е втора опција во тимот откако минатото лето Реал го купија Тибо Куртоа. Иако добил ветување дека ќе има ист третман како Белгиецот, поради што лани и го продолжи договорот, тоа не се случува и нема да се случи.
Иако не се сомневаат во неговите квалитети во Реал сметале дека Навас не е ѕвезда каква што е Куртоа.
„Време е за нов почеток“, рекол 32 годишниот голман.
За пет сезони во Реал Костариканецот освоил 11 трофеи. Според медиумите сериозен интерес за него покажале Пари Сен Жермен.