Шпанскиот фудбалер Фернандо Торес на натпреварот помеѓу Саган Тосу и Висел Кобе, в петок ќе стави крај на професионалната кариера.
Искусниот напаѓач во сениорскиот фудбал дебитирал на 18 годишна возраст во Атлетико Мадрид, а во текот на кариерата играл и за Ливерпул, Челси и Милан. Во Јапонија, во Саган Тосу се пресели во летото 2018 година.
„Беа ова возбудливи години, освоив многу трофеи и заработив почит во светот на фудбалот што е најважно. Остварив многу повеќе од она што го очекував и сега ми преостанува уште само еден натпревар. Ќе се трудам да уживам од првата до последната минута. Ќе биде тоа посебен меч за мене“, рекол Торес.
Во фудбалскиот свет познат и како Ел Нињо, Тпрс во кариерата ја освоил Лигата на шампионите со Челси, Лига Европа со Атлетико Мадрид, а со репрезентацијата на Шпанија станал европски и светски првак.