Францускиот весник „Ла Парисиен“ тврди дека состојбите во Пари Сен Жермен се далеку од идилични по поразот од Рен (2-1). Според овој извор, играчите биле незадоволни бидејќи не ги разбирале одлуките и тактичките замисли што ги носел тренерот Томас Тухел.
Напната била атмосферата во соблекувалната на ПСЖ по поразот од Рен, додека Тухел не би бил премногу загрижен.
„Нормално е вакво нешто да ви се случи во август. Не може да судиме по само еден пораз“, рекол Тухел.
Од друга страна, според „Ле Парисиен“, Марко Верати бил лут што тренерот не вршел замени кога тимот имал негативен резултат. Весникот пренесува и разговор помеѓу двајца играчи. Еден наводно прашал: „Знаеш ли во кој систем игравме денес?“, а другиот му одговори: „Не како и секогаш“.
Исто така играчите биле незадоволни што Тухел толку долго го оставал во игра Јулијан Дракслер. Според медиумите тој на натпреварот со Рен и на претходниот со Ним, одиграл просечно.