Конор Мекгрегор јавно се извини откако се појави видеото во кое тој удира еден постар човек во еден паб во Даблин откако тој одби да биде честен со вискито на ирската ММА ѕвезда, велејќи дека гледањето на видеото било како „нож во срце“.
Инцидентот се случил во пабот „Марбл арч“ во Даблин во април, по што ирската полиција најави дека против Мекгрегор ќе биде поднесено обвинение. Во интервју за „ЕСПН“, Мекгрегор имаше што да каже.
„Тој човек заслужуваше да ужива во пабот без тоа да заврши како што заврши. Се обидов да се поправам, тогаш и сега. Но, тоа не е важно. Згрешив и морам да ја понесам одговорноста. Тоа што ќе го добијам, сум го заслужил. Нема да се кријам. Згрешив и тоа беше целосно неприфатливо однесување. Должен сум да го направам тоа за мојата мајка и мојот татко, за моето семејство, за луѓето кои ме тренираа. Правам чекори да бидам подобар и подобар, и кога го видов ова беше како нож во моето срце“, изјави Мекгрегор.
50-годишната жртва, пак, наводно изјавил дека не е заинтересиран за извинување или компензација, туку само за „правда“.
Откако видеото стана вирално на Интернет, повеќе барови и пабови објавија дека веќе нема да го нудат вискито на Мекгрегор и дека сакаат да се дистанцираат од соработката со него.
Asked Conor McGregor yesterday if he has an anger problem that needs to be addressed. His response: pic.twitter.com/JKxoXtxiTG
— Ariel Helwani (@arielhelwani) August 23, 2019
Мекгрегор удрил старец во паб навреден од тоа што тој одбил да го чести виски (видео)