Top Sport

Хамилтон останува во Мерцедес додека не „освои сè што има за освојување“

Петкратниот светски шампион, Луис Хамилтон прати предупредување до своите ривали, велејќи дека е подготвен да остане во Формула 1 со тимот на Мерцедес додека има работи за освојување, откако е на добар пат да освои трета титула во низа.

Хамилтон има 62 поени предност пред колегата Валтери Ботас во генерален пласман пред вториот дел од сезоната, и има осум победи во 12 трки, така што ретко кој би се обложил дека нема да стигне до шеста светска титула, со што пред него би бил само Михаел Шумахер со седум трофеи.

„Еден ден ќе морам да сопрам, но сега се чувствувам фантастично, физички и ментално. Немам план да сопрам набргу, тоа е сигурно. Има уште многу работи за правење, многу трки за победување, многу цели за остварување, во болидот и надвор од него. Со Мерцедес имаме фантастично заедничко патување и возбуден сум што носи иднината“, вели Хамилтон.

Scroll to Top