Мохамед Ел Фарду Бен, човекот кој минатата сезона ја внесе Црвена ѕвезда во главната фаза во Лигата на шампионите се подготвува да го напушти клубот. Крилниот напаѓач кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати.
Трансферот на Бен, од кој Црвена ѕвезда ќе заработи два милиони евра, ќе биде реализиран по реванш натпреварот со Јанг Бојс.
Инаку, репрезентативецот на Коморските острови поради повреда го пропушти првиот меч против швајцарскиот првак во Берн (2-2), а неизвесен е неговиот настап и во реваншот. На неговото место Црвена ѕвезда веќе го донесоа Аргентинецот Гарсија, кој постигна еден од двата гола против Јанг Бојс.
Реваншот помеѓу помеѓу Црвена ѕвезда и Јанг Бојс, по кој ќе биде познат тимот што ќе игра во Лигата на шампионите ќе се одигра во вторник.