Возачот на Репсол Хонда Марк Маркез ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за големата награда на Велика Британија. Актуелниот светски првак и лидер во генералниот пласман до пол-позицијата стигна со нов рекорд на патеката во Силверстон, 1:58.158 минути.
Утрешната трка од првиот стартен ред, покрај Маркез ќе ја започнат Валентино Роси на Јамаха и Џек Милер на Прамак Дукати.
Роси по подолго време одработи добри квалификации, додека Милер само ја потврди добрата форма.
Вториот ред на стартот на трката е резервиран за Фабио Квартараро (Петронас Јамаха), Алекс Ринс (Сузуки) и Маверик Вињалњс (Јамаха).
Во третиот ред се Андреа Довициозо (Дукати), Франко Морбидели (Петронас Јамаха), Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда).