Тинејџерот од Гвинеја Бусау Ансу Фати одигра нешто повеќе од десет минути на натпреварот помеѓу Барселона и Бетис (5-2). Тој е вториот најмлад фудбалер што настапил во Ла Лига за Барселона, а со она што го покажал ги изненадил сите во клубот.
Ансу Фати на 30 октомври ќе наполни 17 години, тој е најмладиот играч уште од 1940 година што настапил на официјален меч за Барселона. Тинејџерот ги искористи своите минути, а имаше шанса, која самиот си ја креираше, да постигне гол.
„Има многу самодоверба. Играше добро и очекував дека ќе придонесе, поради тоа и го ставив во игра. Меѓутоа неговиот екстра квалитет не изненади на овој натпревар. Млад е мислам дека може да ни помогне оваа сезона“, рекол тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.