Top Sport

Го нема Нејмар, тука е Чупо-Мотинг – ПСЖ со лесна победа над Тулуз (видео)

Томас Тухел повторно реши да го изостави Нејмар од тимот на Пари Сен-Жермен додека траат шпекулациите (и преговорите) за неговата иднина, но тоа не му пречеше на францускиот шампион да стигне до убедлива 4:0 победа над Тулуз, откако го скршија отпорот на противникот во второто полувреме.

Максим Чупо-Мотинг ја искористи својата шанса и во 50. минута ги донесе домаќините до водство, а само шест минути подоцна Гонсалвес си постигна автогол.

Во 69. минута, Анхел ди Марија можеше да си дозволи да биде непрецизен од белата точка, за во 75. минута Чупо-Мотинг да го постигне својот втор гол. Во 83. минута, Маркињос ги постави конечните 4:0.

Scroll to Top