Црвена звезда пред својот стадион „Рајко Митиќ“, поточно на местото каде што се собираат навивачите „Делии“ постави тенк тип Т-55, кој наводно е запленет во Вуковар за време на војната во Хрватска.
Според српските медиуми се работи за запленет тенк, кој инаку е чест мотив во кореографијата на „Делиите“. Токму на северната трибина е огромното знаме „Вуковар“ на кирилица, кое секако е „трн во око“ на хрватските медиуми.