Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Матео Ковачиќ ова лето се пресели во редовите на Ќелси откако му заврши позајмицата од Реал Мадрид. „Сините“ беа задоволни од неговиот ангажман, а и самиот фудбалер смета дека сега игра подобро и поопуштено.
„Сега сум играч на Челси и подобро се чувствувам. Минатата сезона бев на позајмица и морав постојано да се докажувам. Минатата сезона беше добра, не и совршена, но оваа сезона тргнав многу добро и се надевам дека така ќе продолжам. Ми недостасуваат некои делови во играта, но сигурен сум дека ќе дојдат. Лампард ми дава повеќе слобода, можам да ја земам топката и да тргнам напред. Имам добра поврзаност и со тренерот и со екипата, можеме да ги менуваме позициите, агресивни сме, добро напредуваме, но сме само еден месец со новиот тренер“ вели Ковачиќ.
Тој за тренерот на „сините“ вели дека има голема поддршка од сите.
„Лампард го сакаат сите, и навивачите и играчите, се уште е млад и не разбира. Многу е важно што дојдовме до победата во минатото коло затоа што добро тргнавме со играта, резултатите не беа сјајни, ама играта добра“ – вели Хрватот.